Италијанците кои се излечиле од коронавирусот, во знак на благодарност им приредиле изненадување на руските медицински сестри.

Откако дошле во хотелот после смената, девојките во своите соби нашле цвеќиња и честитки од пациентите.
Италијанците кои оздравеле, го изразиле своето воодушевување од храброста и професионалноста на руските воено-медицински лица кон крајот на минатиот месец.
Тие веднаш почнале да ги дезинфицираат старечките домови во Ломбардија и да им помагаат во опремување на болниците. Вчера почнале да ги дезинфицираат старечките домови во три градови во провинцијата Бреша.