По Брегзит и евентуалниот Италегзит, на повидок е и Негзит, односно излегување на Холандија од Европската унија.
Холандското спротивставување на финансиската помош што Европската унија, која таа го намени за опоравување после пандемијата на коронавирусот, наликува на британските мотиви за напуштање на ЕУ, пишува англиски „Гардијан“.
На неодамнешната средба на министрите на ЕУ, Холандија имаше изолиран став за тоа, а пред новата онлајн-средба во четврток, Холанѓаните се очекуваат да се спротивстават на големото трошење на заедничките пари за обнова после пандемијата, објави англискиот весник.
Не е само пандемијата на коронавирус и финансиската помош, што преставува контроверзија за Холандија кога станува збор за ЕУ. Пред една година, холандскиот премиер Марк Руте побара поинаков однос со ЕУ и побара „потреба ЕУ да помине низ проверка на реалноста“, додека холандските евроскептични партии полека почнаа да се залагаат за Негзит, односно излегување на земјата од Унијата.
Холандскиот политички аналитичар Кетрин Де Врис ги гледа во својата земја се поголеми шпекулации за британското сценарио.
„Холандската политика отсекогаш имала интересен став кон ЕУ. Холандија значително профитираше од европската интеграција. Ако холандските политичари долго време не објаснуваат како профитира нашата економија од заедничкиот пазар, тешко е да се објасни зошто Холанѓаните треба да плаќаат за тој заеднички пазар. Ова ме потсетува на ситуацијата во Велика Британија “, вели таа.
Холанѓаните во голема мерка се спротивставуваат на трошењето на ЕУ и заедно со Австрија, Данска и Шведска ја сочинуваат „штедливата четворка“ што го „минирала“ договорот за буџет на ЕУ во февруари.
Сепак, ниту еден лидер во четирите држави не предизвикал таков бес кон неговите колеги од ЕУ, како што тоа го направил холандскиот премиер, кој дошол на самитот на ЕУ, носејќи биографија на Фредерик Шопен, велејќи дека нема да има што друго да направи освен да ја прочита. Ова го коментирала дури и германската канцеларка Ангела Меркел, која рекла дека Руте се однесува како дете.
Холандскиот политички научник Рем Кортвег вели дека еден од проблемите е настапот на моќниот министер за финансии, Вопке Хукстра и лошиот дипломатски пристап што спречува да се слушне холандскиот глас во ЕУ. Забелешките на Хукстра дека не разбрал зошто некои земји немале доволно пари за да ги покријат штетите предизвикани од пандемијата на коронавирусот, предизвикале остра реакција.
Кортвег додава дека Холандија, исто така, не успеала да процени кон која страна се потпира германската политика за време на дебатата за помошта за обнова после пандемијата.