Д-р Дејан Докиќ за „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ вели дека мерките кои Владата и Министерството за здравство ги презема во однос на заштита на населението од коронавирусот вродуваат со плод и како што посочи, бројот на заболени драстично не расте.
– Во рамките на една епидемија се очекува бројот на заболени експоненцијално, односно стрмно да расте нагоре со тек на време, меѓутоа кај нас тоа не е случај. Кај нас постепено растеше бројот сега во мемоментот и не е толку драстичен имавме и повеќе од 60 пациенти дијагностицирани во еден ден. Така да мерките го покажуваат својот ефект и сметам дека ако воопшто настане пик тој би бил благ и тој не би можел да кажам дали ќе биде за 2-3 недели тоа ќе зависи од тоа до која мерка ќе се спроведуваат или олабавуваат мерките кои што претходно ги презема власта во врска со забраната за движење и нејзиното релаксирање, почнувајќи од денеска. Но исто така ќе зависи и од тоа колку граѓаните ќе ги почитуваат мерките кои се пропишани од денеска, како задолжително носење на маска во затворени простори, вели Докиќ.
Тој смета дека овие мерки се преземени навремено, даваат резултат и тие би требало постепено да се релаксираат.
– Добродојдена е релаксацијата на мерките бидејќи подолго време овие карантински мерки и забрана за движење неповолно влијаат на психата на граѓаните. Се создава еден притисок, неуротична состојба, така да сметам дека олабавувањето на мерките е важно во овој период. Но ќе повторам, тие секогаш ќе бидат комплементарни со задолжително носење на маска. Моите предвидувања се дека маската ќе стане придружен делод нашето секојдневие. Долго време треба да се носат овие заштитни средства, бидејќи уште долго време вирусот ќе биде присутен во нашата средина и ние мора да сме свесни за тоа и мора да го забавиме оној приороден процес на заразување на населението. Бидејќи мора да се пуштат градинките, школите, гимназиите луѓето моа да одат на работа, се разбира подолг ваков период ќе страда и економијата на нашата земја и ние мора да ги релаксираме овие мерки, вели д-рДокиќ