Коронавирус низ светот: Полицајци претепале маж до смрт поради социјалната оддалеченост

од Nikola Popovski
115 прегледи

Двајца полицајци во Мозамбик ќе бидат обвинети за убиство откако до смрт претепале маж кој се заканил дека ќе ги сними како играат фудбал, спротивно на ограничувањата за борбата против коронвирусот.

Абдул Разак (44) во неделата се соочил со полицајците во градот Беир, предупредувајќи ги дека не ги почитуваат мерките за социјална оддалеченост.

Според извештајот на приватната телевизија СТВ, истите полицајци претходно ги избркале луѓето кои се собрале во истата населба за да играат фудбал, јавува Би-Би-Си.

Портпаролот на полицијата, Орландо Мудуман, изјавил дека двајцата полицајци се во притвор и ќе сносат одговорност за нивните постапки.

„Полицијата ќе му обезбеди на семејството на починатиот неопходна поддршка, во согласност со законот“, рече портпаролот.

Во таа африканска земја регистрирани се 41 случај на коронавирус.