Претседателот на САД, Доналд Трамп, секој ден ги кажува информациите за мерките што државата ги презема за коронавирусот, но сепак малкумина Американци редовно го гледаат или му веруваат на Трамп како извор на информации за пандемијата, покажува новата студија на Центарот за истражување на Асошиејтед Прес – NORC.

Само 28 проценти од Американците велат дека редовно добиваат информации за вирусот од Трамп, додека многумина повремено го прават тоа.
23 проценти од Американците имаат голема доверба во она што американскиот претседател го кажува на јавноста, додека 21 процент му веруваат умерено.
Довербата во Трамп е поголема кај неговите приврзаници, иако само половина од републиканците велат дека имаат голема доверба во информациите на Трамп за пандемијата.
Околу 30 проценти умерено му веруваат на неговите информации, а 22 проценти велат дека имаат мала доверба или неверување во она што тој го вели за „Ковид-19“.
Иако многу републиканци го доведуваат во прашање кредибилитетот на Трамп за време на пандемијата, огромното мнозинство од 82 проценти велат дека тие сè уште ја одобруваат неговата работа.
Тоа помогна да се задржи вкупниот рејтинг на претседателот на 42%, приближно ист како во последните неколку месеци.