Роб Томас (59) го преживеал коронавирусот, а лекарите веруваат дека тој ја победил смртоносната инфекција со вежби за длабоко дишење.

Средовечниот човек од Велика Британија, Роб Томас, бил сместен на одделението за интензивна нега во болницата „Кралскиот глостер“ во почетокот на март кога со тест му бил дијагностициран коронавирус.
Откако му била дадена основната терапија, медицинските работници му рекле дека техниките на дишење го спасиле од приклучување на респиратор – а потоа дури го нарекле „крал на дишењето“.
Роб набрзо бил отпуштен од болницата, а потоа гостувал во емисијата „Добро утро Британијо“ кога рекол дека благодарение на советите на неговата сестра, која му рекла само да продолжи длабоко да дише длабоко, тој успеал да го победи Ковид-19.
'The doctors think that because of the deep breathing pattern I got into saved me from going on a ventilator.'
Coronavirus survivor Rob Thomas reveals he was dubbed the 'King of breathers' after implementing breathing strategy in hospital. pic.twitter.com/mHPpLCmV3T
— Good Morning Britain (@GMB) April 23, 2020
– Кога излегов од брзата помош, дојде доктор и ми рече: „Роб, морам да кажам, ти си крал на дишењето“, рече 59-годишниот маж.
Многумина се прашуваа за што точно станува збор, а Роб посочи дека станува збор за техника базирана на длабоко дишење што го практикува секој ден.
– Ги натерав да ме пуштат да седнам затоа што чувствував дека ќе се задушам ако легнам на кревет – и така само седев таму, гледајќи во часовникот и длабоко дишев. Лекарот рече дека мислат дека оваа техника на длабоко дишење во која влегов, ме спаси да одам на респиратор – рече Роб.