Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги критикувал чекорите преземени од страна на некои европски земји за борбата против пандемијата на вирусот „Ковид-19“ и предупреди за втор бран на болести заради ослабениот имунитет на луѓето принудени да се изолираат.
„Искуството од Западна Европа: тие имаат изолирани луѓе, затворени во четири sида … И тие го презентираат овој метод. Денес кај нив умираат по 400-600 луѓе на ден, од коронавирусот, ако е навистина поради тоа“, рече Лукашенко на состанокот за приоритетни мерки за обезбедување одржлива работа од областа на економијата и општеството.
Лукашенко тврди дека во земјите, кои започнале да ги пуштаат жителите од изолација и самоизолација, тие биле променети и „ослабени, при што не виделе бел ден“.
Според него, луѓето со ослабен имунитет кои излегле од самоизолација ќе го „добијат овој вирус“.
Во Белорусија досега се регистрирани повеќе од осум илјади заразени од коронавирус, од кои 60 починале.