Олеснување на мерките во Србија: Се отвораат теретаните и фризерските салони, се враќа и меѓуградскиот превоз

од Nikola Popovski
187 прегледи

Пазарите, фризерските салони, салоните за убавина, теретаните и фитнес центрите ќе започнат со работа во понеделник, 27 април, одлучено е на денешната седница на Владата на Србија.

Исто така, ќе започне и меѓуградскиот сообраќај.

Српската влада продолжува да ги „олабавува“ своите мерки за време на вонредната состојба поради постепененото запирање на епидемијата на коронавирус.

На редовната прес-конференција, д-р Предраг Кон ја прочитал одлуката на Владата на Република Србија:

„Од понеделник, на затворените пазари, фризерските салони, салоните за убавина, фитнес центри и теретаните ќе им биде дозволено да работат. Одредени објекти, како теретаните, ќе мора да ја зголемат дезинфекцијата во објектите”, рече Кон, додавајќи дека поради ограничувањата на бројот на луѓе на едно место, овие активности треба да бида по принцип на закажување.

Тој додал дека се враќа меѓуградскиот превоз, како и дека граѓаните на возраст над 65 години ќе можат да одат на едночасовна прошетка за време на полицискиот час, кој од 18 до 1 часот наутро.