Средношколците во Бон полека се навикнуваат на живот по коронавирусот – подолги редови со подолги растојанија и клупи одделени со ленти.
„Ние го намаливме бројот на ученици на час. Сега имаме осум деца во една училница и повеќе смени”, изјавил директорот на гимназијата, Мартин Финке за Ројтерс.
Ова значи, додава тој, дека учениците ќе стојат во линија пред училницата и ќе мора да ги мијат рацете и потоа да седнат на нивните клупи, кои се резервирани само за нив.
„Почнавме да ги поучуваме децата дека ова ќе биде нова рутина и начинот на кој тие би се однесувале на час“, додаде тој.
A school in Germany's Bonn reopens with social-distancing measures pic.twitter.com/yKCcmwFZxo
— Reuters (@Reuters) April 25, 2020
Мерките за привремена заштита и социјална оддалеченост,на кои инсистира германската влада, се остварија и земјата полека започна да отвора ограничен број училишта и продавници.
„Ова е почеток на нешто ново и се надевам дека ќе всадиме доверба кај учениците и чувство на заедништво во оваа нова реалност за да можеме сите повторно да се дружиме“, рече Финке.
Тој додаде дека ова е реалност на која ќе мора да се навикнат и после завршувањето на училиштата во август.
„Сега имаме нов предмет што го учиме секој ден, а тоа е хигиената“, вели директорот на училиштето.