Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев на својот профил на Инстаграм соопшти дека тој и други репрезентативци донирале големо количество заштитни маски и средства за дезинфекција.
„АПЕЛ од нас фудбалерите на А РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА на (нашата сакана земја) Иако сме далеку физички , ние сме со цело срце и душа со нашиот народ.
Денес дониравме одредена количина ЛЗО за медицинскиот и помошниот персонал во ГОБ „8 Септември“ и КИФБ Скопје.
Дониравме одредени количини: маски КН95, скафандери, капи, каљачи, средства за дезинфекција на раце и површини, ракавици, гелови, хируршки маски, заштитни визири.
Ви благодариме што се грижите за нашите сограѓани, не штедејќи се себе во оваа зедничка битка.
Воедно ги повикуваме сите кои се во состојба да донираат ,да го направат тоа, сега кога е најпотребно.
Длабока почит кон медицинсите тимови и целиот помошен персонал. (Се гледаме на стадион)“, напиша Пандев на Инстаграм.