Чиле воведува потврди за оние кои го прележале коронавирусот

од Aleksandar Petrovski
121 прегледи

Чилеанската влада најави дека ќе издава сертификати за лицата кои прележале Ковид-19, пренесува BBC.

Документот ќе се издава на луѓето за да можат да се вратат на работа, рече Паула Даза, заменик министер за здравство.

Според Светската здравствена организација, ваквите сертификати можат да создадат чувство на лажна безбедност и да помогнат во ширењето на инфекцијата.

Сепак, чилеанската влада размислува поинаку.

„Една од работите што знаеме е дека едно лице со инфекција е со помала веројатност повторно да се разболи“, рече Даза оваа недела.

Таа, исто така додаде дека сертификатите не кажуваат дека луѓето биле имуни на ковид-19, но дека закрепнале од болеста и минале период на изолација, пренесува Индекс.

Во Чиле досега се потврдени повеќе од 13.000 случаи на инфекција, а починале 189 лица.