Рускиот претседател Владимир Путин им порача на градоначалниците на регионите и на други официјални претставници да се обидат да се возат по патиштата, кои се со дупки за да сфатат и самите каква е ситуацијата по поплавите што ги погодија некои делови на Русија.
Преку видео конференција, Путин одржа состанок во врска со поплавите и пожарите, а делови од состанокот се емитуваа на државната телевизија.
На крајот на состанокот, претседателот истакна дека лидерите во регионот ставаат проблеми со исплатата на средства од федералниот буџет.
Путин: Решение принято, а результата нет. Все завязло в каких-то процедурах! Дороги, размытые паводком в Амурской области, из-за проволочек до сих пор не восстановлены. Люди вынуждены ездить по колдобинам. Сами покатайтесь по таким дорогам, поймете, что надо действовать побыстрее pic.twitter.com/P7UjRxxXPC
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) April 27, 2020
„И честопати, ваквите проблеми се појавуваат не затоа што нема доволно пари, туку поради реализацијата, одлуката едноставно „тоне“ од процедурални прашања. Патиштата уништени од минатогодишните поплави во регионот Амур од бирократски причини не се обновени до денес. И луѓето се принудени да возат во дупки. Повозете се по овие патишата и тогаш ќе сфатите дека треба да работите побрзо“, заврши Путин.