Кога ограничувањата за движење беа воведени во Европа кон средината на март и беше забрането да се собираат повеќе луѓе заради пандемијата на коронавирус, културната сцена стивна. Концертите беа одложени, кината се затворија, снимањата запреа.
Мерките за релаксација се започнати во некои земји поради намалениот број на новозаразени од коронавирус, како и израмнување на кривата, а во петокот се случи и првиот музички настан на јавна сцена од воведувањето на карантинот, сугерирајќи како би можело да изгледа посетата на културни настани на отворено во наредните месеци.
Младиот дански музичар, Мадс Лангер, беше првиот што настапи на отворена сцена во Архус, со билети за 500 автомобили, кои биле веднаш распродадени. Тој е само првиот во низата уметници што испробаа нов начин на изведби во наредните месеци.
https://www.facebook.com/madslanger/posts/10163442000930313
Неговиот концерт од страна на данските медиуми, се смета за голем успех. Неговата музика се пренесувала од сцената до автомобилите преку FM предавател.
„По концертот, луѓето си заминале со автомобилите во период од половина час и сите се однесувале како што требало“, соопшти данската полиција, а пренесува порталот „Јутарњи.хр“.