Пентагон и официјално ги објави НЛО снимките: Вонземјани постојат, сега е прашање што уште се крие (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
272 прегледи

Министерството за одбрана на САД објави снимки направени од авиони на американската морнарица во 2004 и 2015 година на кои се прикажани неидентификувани летачки објекти (НЛО).

Снимките беа објавени во медиумите порано, а Пентагон соопшти дека снимката е официјално објавена за да се спречат шпекулациите за потеклото и содржината.

„Деталната анализа утврди дека објавувањето на снимката нема да ја загрози понатамошната истрага. Пентагон продолжува да ги третира појавите од снимката како неидентификувани “, се вели во соопштението.

Вкупно три видеа на Пентагон беа објавени, а претходно од медиумите беа објавени без извор, пренесува abcnews.go.com

Во 2004 и 2015 година, експедициите на морнарицата на САД снимија летечки чинии кои не беа видливи за електронските радари. Неидентификуваните тела се движеле со голема брзина, а американската војска трошела милиони долари во потрага по овие летачки објекти.