По вчерашната одлука на Уставен суд за привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија кои се однесуваа на намалување на платите на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците како мерка против влијанието на коронавирусот врз економијата голем дел од функционерите решија делот од својата плата да го донираат.
Градоначалникот на град Скопје, Птере Шилегов реши да задржи 14.500, а остатокот од платата да го уплати во фондот за борба против корона.
-Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19.Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност. Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност. Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје. Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема. Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде било кој од нас. Секој е важен. Секој човек е важен. #СедиДома – напиша на фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Директорот на Центарот за култура во Куманово „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски , одлучи за април и мај да земе плата од 14.500 денари, а останатите средства да ги уплати на сметката Фондот за борба против епидемијата од вирусот КОВИД- 19.
– Како директор, без разлика на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во Фондот за борба против епидемијата од вирусот КОВИД-19, – напиша директорот Тодоровски.
На листата се најди и градоначалник на Штип Благој Бочварски кој најави дека ќе ја земе минималната плата, а останатиот дел ќе го донирам во фондот за борба против Ковид-19.
-Јавно ја поздравив одлуката за солидаризирање, хуманост и поддршка на институциите во борбата со корона вирусот.Останувам на ставот дека јас како избрано лице треба да добијам минимална плата, а останатиот дел ќе го донирам во фондот за борба против Ковид-19, без разлика на тоа каква ќе биде одлуката на Уставниот суд.Ова е борба на целото човештво против оваа пандемија, затоа нема место за калкулации, потребна е заедничка акција, да помогнеме, да дадеме свој придонес, да се солидаризираме, изјави, Бочварски .
Како донатори за фондото за справување со Ковид-19 се приклучија и градоначалникот на Јегуновце , Дарко Блажески, Охридскиот градоначалник Константин Георгиески и генералниот директор на АДСДП-Кристијан Трајковски.