„Државите, во кои некој невин Американец умира во затвор поради коронавирусот, ќе сносат тешки последици“, рече државниот секретар на Сад, Мајк Помпео.
„Ако неоправдано сте притвориле Американци во текот на овој период (пандемија на коронавирус) и тие се заразиле и починале од оваа болест, ние ќе ве сметаме дека сте директно одговорни за тоа“, изјави Помпео на прес-конференција во Стејт департментот.
Тој додаде дека веднаш треба да се ослободат Американците кои се неправедно затворени.