Повеќе од 3.000 починати во Турција: Надлежните велат пикот е поминат

од Nikola Popovski
113 прегледи

Бројот на починати на КОВИД-19 во Турција се зголемил за 89 во последните 24 часа, што е вкупно 3.081, а трендот на опаѓање продолжува.

Бројот на нови случаи на инфекција се зголемил за 2.936, со што вкупно има 117.589 заразени, покажаа податоците, кои се највисоки вон Западна Европа или САД.

Вкупно 44.022 луѓе досега се опоравиле од новиот коронавирус.

Бројот на тестирани во изминатите 24 часа е 43.498, што е многу повеќе од претходните денови.

Министерот за здравство, Фахретин Коца изјавил дека бројот на заболени во земјата ги достигнал врвот и почнал да опаѓа, додавајќи дека не се очекува втор бран доколку се преземат сите потребни мерки против епидемијата.