Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, најави дека ќе им биде дозволено на граѓаните да се движат меѓу општините, после шест недели.
„Во четврток, владата ќе го укине општото ограничување на движењето само во подрачјето на општините, а во понеделник ќе започне постепено придвижување на голем број активности што можат да се спроведат со придржување кон мерките за здравствена заштита“, напиша Јанша на Твитер по седницата на Владата.
Според него, масовните настани со голем број луѓе веројатно нема да бидат можни сè додека не се открие и употребува вакцината или лекот за Ковид-19, рече Хина.
„Податоците од релевантните институции покажуваат дека бројот на активни заразени со новиот вирус се намалил до таков степен што можеме да излеземе со план за постепено укинување на ограничувањата во блиска иднина“, рече Јанша.