„Корона-пасош“: ЕУ ги воведува, во Македонија потребно е серолошко истражување

од Берта Китинска
557 прегледи

Поради фактот што ограничувањето ги парализира економиите ширум светот, некои влади размислуваат да воведат имунолошки пасоши, или „сертификати без ризик“ на лицата кои го поминале новиот коронавирус за да можат да патуваат и да се вратат на работа.

Против воведувањето на „имунолошки пасоши“ е СЗО бидејќи  као што наведуваат оттаму нема  „докази“ дека луѓето кои развиле антитела откако се опоравиле од вирусот се заштитени од новата инфекција, и потребата да се испита повнимателно точноста на лабораториските тестови за откривање на антитела.

-Светската Здравствена организација во моментов препорачува да не се прават епидемиолошки пасоши односно пасоши за минато заболување на лица кои се позитивни на Igg односно минато заболување, објаснува првиот човек на Здравствен дом Скопје. Д-р. Виктор Исјановски.

Според него се уште кај нас не може да се направат пасош  за патување во странство затоа што уште немаме потврда на светско ниво.Еднаш преболеното заболување остава траен и долготраен имунитет , и второ дека Igg кое што би се напишало во пасошот врз основ на серолошко истражување во Македонија не се спроведува .

-Со спроведување на ова истражување ќе се започне во период по завршување на оваа епидемија ,односно се планира да се започне со намалување на драстичниот број на заболените лица ,кога бројот ќе се намали под почетниот број на заболени лица ,односно помалку од 10 лица на дневно ниво .Тогаш ќе се започне со укинување на голем дел од мерките , а истражувањето најпрво би можело да започне во оние места каде постои можност тоа да се спроведе , односно каде има мал број на население и мал број по територија, објаснува првиот човек на Здравствен дом Скопје.

Според д-р.Исјановски  ова истражување не може да се спроведе во Скопје, бидејќи е град со 700.000 илјади жители , но може да се спроведе во Дебар затоа што таму поголем број од населението со сигурност ја има прележано болеста.

-Во Дебра може да направивме една комплетна изолација со карантин и со полициски надзор и во кој што град на краток временски период може да се направат поголем број на тестови .За спроведување на серолошкото истражување треба да имаме простор,време ,опрема ,кадар и број на тестови кои ќе ги спроведе здравствена институција, вели д-р. Исјановски.

Доктор Арбен Аголи, педијатар од Дебар  смета дека ако имунолошкиот пасош се спроведе на ниво на цела Европа лицата ќе биде некакво решение, но ако тоа остане одлука на поединечни држави тогаш таквиот документ нема да биде валиден.

-Што се однесува за луѓето кои треба да одат на работа мислам дека е доволно уверение од страна ИЈЗ дека тие се оздравени од болеста и дека не претставуваат ризик за останатите вработени.За патување  во странство не знам навистина кој документ би бил валиден бидејќи тоа ќе зависи од политиката на државата кај ќе се патува.Имунолошкиот пасош можеби е избор но се поставува прашањето кој ќе го издава и како тој ќе изгледа и дали ќе претставува валиден документ.Ако се носи одлука во ниво на цела Европа лицата кои ја поминале болеста да поседуваат ваков документ можеби ќе биде некакво решение,но ако тоа остане одлука поединечна на секоја држава јас сум скептичен дека таквиот документ ќе биде валиден, вели д-р Аголи.

Цела Европска Унија воведува корона пасош

Министрите за туризам на ЕУ пред неколку дена се согласија да изготват заеднички патнички документ што ќе важи за сите земји-членки. Се фокусиравме на состојбата на европскиот туризам, ефектите од пандемијата и мерките и условите за пристигнување на туристи, а хрватскиот министер за туризам, Гари Гапели, рече дека документот, кој некои го нарекоа корона-пасош, се однесува на здравствениот и безбедносниот дел од протоколот кога се патува.

Според ХТВ, Капели рече дека е договорено дека треба да постои заеднички план за управување со кризи, без оглед на индивидуалните ситуации во државите. Можноста за воспоставување коридори за сообраќај на туристите ќе биде договорено до крајот на мај ако не на заедничкиот дел, тогаш барем на билатералните со заинтересираните земји.Туризмот „влече“ 10 до 11 отсто од БДП на Европската унија. Во овој сектор во Европа работат 12 отсто од вкупниот број вработени. Од него зависат економиите на Италија, Шпанија и Грција.

Светската здравствена организација (СЗО) против „имунолошки пасоши“

Владите не треба да издаваат т.н. Имунолошки пасоши, или „сертификати без ризик“, како мерка за ублажување на изолацијата, оценува СЗО, која го оправдува овој став со тоа дека нема „докази“ дека луѓето кои развиле антитела откако се опоравиле од вирусот се заштитени од новата инфекција, и потребата да се испита повнимателно точноста на лабораториските тестови за откривање на антитела.

Од Светската здравствена организација соопшуваат дека во овој момент на пандемијата, нема доволно докази за луѓето кои се опоравиле од Ковид-19 и имаат антитела се заштитени од повторно заболување од вирусот.

Организацијата смета дека издавањето вакви пасоши може да предизвика ширење на инфекцијата, бидејќи луѓето што мислат дека стекнале отпорност на вирусот се очекува да престанат да ги почитуваат мерките на претпазливост.

Минатата недела, чилеанските власти објавија дека ќе започнат со издавање „имунолошки пасоши“ на луѓето кои се опоравиле од инфекцијата. Откако ќе се утврди присуството на антитела во крвта, тие ќе можат да се вратат на работа, изјавија официјалните лица.

Во Шведска, која се реши за послободен пристап во борбата против „Ковид-19“, некои научници, исто така, веруваат дека нивното население би можело да добие значително поголема отпорност од народите на државите каде беа воведени строги мерки за изолација.

Во Белгија, каде што стапката на смртност по глава на жител е меѓу највисоките во светот, почнувајќи од 11 мај, планот е постепено да се олеснат мерките за изолација. Владиниот советник Марк ван Ранст за Би-Би-Си изјави дека остро се спротивставува на идејата за издавање „iмунолошки пасоши“.

– Воодушевен сум од мислата дека ќе издаваме пасоши, зелени и црвени, во зависност од серолошкиот статус – вели овој виролог, член на Организацијата за проценка на ризик на белгиската влада и Научен комитет „Коронавирус“ и додаде: „Ова ќе резултира sо фалсификување на документи, поради што луѓето ќе бидат намерно изложени на вирусот. Ова едноставно не е добра идеја. Тоа е многу лоша идеја“.

Во светот потврдени се близу три милиони заразени, а бројот на смртни случаи изнесува 206.569. Од вирусот закрепнале 868.806 лица.

Б.М

Слични содржини