Според плановите за намалување на рестрикциите врз граѓаните поради коронавирусот, полека ќе се враќа животот во некоја нормала.
Властите најавуваат дека набрзо ќе бидат отворени кафеаните, и рестораните, но со колкав капацитет ќе работат и колку гости ќе смеат да примат засега не се знае.
Кафетериите и рестораните доколку ситуацијата продолжи да се стабилизира, веќе од почетокот на мај би работеле само на отворено, што е погодно со оглед дека доаѓаат топли денови во нашата земја
Протоколите се подготвени, но датумот е се уште рано да се соопшти, тоа што сакам да го напоменам дека олабавувањето на мерките се уште не се најавени, и кога тие ќе се тргнат ќе постои некои правила кои ќе мора да се почитуваат, најави министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција.
Тој рече дека веќе се изготвени сите протоколи за функционирање на многу други сегменти, општествени и економски оператори, фабрики и јавен превоз итн.
– Во текот на следната недела тие ќе бидат официјализирани после финалните консултации со сите кои ги засегаат, со цел да се слушнат евентуални сугестии, после што ќе ги презентираме јавно исто како и временскиот период во кој ги очекуваме овие да ги наречам попуштања на рестрикциите. Сето тоа ќе биде постепено со цел да не се создадат гужви, ниту да се создадат услови за масивни собири, истакна Филипче.
Според, хотелиерите и угостителите во момент кога се прават планови, а не се знае конкретно кога ќе почнат со работа, тие мора да бидат вклучени во процесот.
„По највата дека ќе се отворат угостителските објекти ние ќе инсистираме да бидеме вклучени во процесот на изработување на правилата по кои ќе треба да се однесуваме кога ќе се отворат рестораните“, рече Мартин Ангеловски претставник на угостителите.
Словенците во ресторан на иста маса ќе можат да седат само со оние со кои живеат
Институтот за јавно здравје на Словенија го објави правилникот за начинот на кој ќе можат да работат угостителските објекти, а според него на иста маса ќе можат да седат само членови на исто домаќинство.
Ррестораните и кафулињата ќе треба строго да се придржуваат од правилникот кој предвидуваат дека меѓу масите треба да има раздалечување од најмалку метро и пол. Гостите нема да смеат да се самопослужуваат, односно да земаат храна од заеднички садови, како оние за салати или пак леб.
Угостителите се должни да обезбедат дезинфициран прибор за јадење и тој треба да биде однесен до масата на гостите на начин што ќе се избегне контаминација. Некои препораки се тој да биде и спакуван.
Доколку некој гостин има потреба да влезе внатре во објектот и да оди во тоалет, ќе мора да употребува заштитна маска. Сопствениците, пак, ќе мораа да ги дезинфицираат тоалетите најмалку една секој час.
Мерката на една маса да седат само членови на исто домаќинство ќе важи се додека е на сила забраната за собирање на јавни површини.
Инаку, Владата дозволи од 4 мај повторно да се отворат рестораните и кафулињата, но само надворешниот дел односно терасите.