Брнабиќ: Наскоро укинување на вонредната состојба, доколку не се намали бројот на заразени, мерките ќе бидат повторно воведени

од Nikola Popovski
145 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека е оптимистка во спречувањето на ширењето на коронавирусот и се надева дека наскоро ќе се стави крај на вонредната состојба, како што најави претседателот Александар Вучиќ.

Таа за ТВ Прва изјавила дека се олеснуваат рестриктивните мерки, но исто така предупреди дека доколку бројот на новозаразени не продолжи да се намалува, мерките ќе бидат вратени.

„Имаме охрабрувачки тренд. Личната одговорност е најважна. Бидејќи ние ги олабавивме рестриктивните мерки, луѓето треба да имаат висок степен на лична одговорност за да го спречат ширењето на вирусот“, рече Брнабиќ.

Кога ќе се укине вонредната состојба, рече премиерката, ќе останат мерките на претпазливост како што се носењето маски, засилена хигиена и дезинфекција и заштитната опрема.

„Тоа ќе биде нашата нова нормалност“, вели Брнабиќ.

Според неа, можно е повторно воведување на рестриктивни мерки ако нема добри резултати.

„Во овој момент имаме добар број, односно процент на позитивни резултати, очигледно е паднат. Изутрината и синоќа тој беше под 2 отсто, ќе чекаме до 15 часот. Денеска вкупниот број на тестирани ќе биде 100.000, а со овој број ние сме најдобри во овој дел од Европа“, рече Брнабиќ.