Нов Зеланд го „згази“ коронавирусот: За прв пат нема новозаболени, од почетокот на пандемијата починаа 20 луѓе

од Aleksandar Petrovski
208 прегледи

Деновиве во Нов Зеланд не се пријавени нови случаи на коронавирус, прв пат од 25 март, кога во таа земја беа воведени строги мерки за затворање.

Директорот на директоратот за здравство Ешли Блумфилд на прес-конференција изјави дека ова е причина за славење.

Тој го истакна фактот дека вкупниот број на смртни случаи во таа земја остана на 20.

„Ова е прв ден кога немаме новозаразени и сакаме да остане така. Ова е резултат на напорите што сите ги направивме”, рече Блумфилд.
Минатата недела во Нов Зеланд беа укинати строгите мерки, затворање на училишта, канцеларии, трговски центри, ресторани, игралишта и сите други јавни места кои беа на сила повеќе од еден месец, но останаа неколку ограничувања.

Милиони студенти и ученици продолжуваат да учат од дома, а некои економски активности се рестартираат.

Блумфилд предупреди дека луѓето мора да продолжат да ја одржуваат социјалната дистанца за да не се врати вирусот.