Ударната флота на НАТО влезе во водите на Баренцовото море, Русија во чекор ја следи (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski
117 прегледи

Северната флота на Русија ги следи активностите на ударната група на бродови на НАТО кои на 4 мај влегле во водите на Баренцовото море, соопшти Центарот за команда на националната одбрана на Русија.


„Силите и средствата на Северната флота започнаа да ги следат акциите на група бродови на поморските сили на НАТО, во кои состав се разорнувачите за противракетна одбрана: Портер, Доналд Кук, Френклин Рузвелт, американска морнарица и фрегатата Кент на Велика Британија, кои влегоа во водите на Баренцовото Море во 7 часот (18 часот по средноевропско време) на 4 мај годинава “, се вели во соопштението.

Претходно, морнарицата на САД објави дека четири американски бродови и еден британски брод влегле во Баренцовото море за заеднички да спроведат поморски безбедносни операции во тешки услови над Арктичкиот круг.

Американските разурнувачи Портер и Доналд Кук се вооружени со крстосувачки ракети Томахавк и системот за противракетна одбрана Иџис. Бродовите биле постојано распоредени во Европа во шпанската воена база во Рота. Заедно со копнените бази на ПРО Иџис во Полска и Романија, овие разурнувачи се дел од програмата за изградба на Европски Фазен адаптивен систем за противракетна одбрана.