Од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата предводена од СДСМ беа јасни. Да се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места, да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.
Тој додоава дека од почетокот на годината заклучно април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра.
„Тоа е за 16,7% повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23% повеќе во однос на истиот месец лани.
Во однос на 2018 година повратот на ДДВ за периодот јануари април е зголемен за 19,4%, додека во однос на 2017 за високи 67,6% повеќе.
Ние заедно ќе го изодиме овој тежок пат со вас и ќе продолжиме заедно да се бориме за да зачуваме што повеќе работни места во државата.
Од петок компаниите веќе можат да аплицираат за финансиската поддршка од 14,500 денари по вработен и според информациите на Управата за Јавни Приходи, досега, иако беше празник и викенд, за оваа помош до УЈП аплицирале 5.350 компании. Од нив 4..197 веќе се трансферирани во системот на УЈП.
Апелирам до сите компании кои се уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП. Апликациите за месец април, треба да се достават најдоцна до 7ми мај“, вели Петров.