ОАЕ лечи Ковид-19 со матични клетки

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Центарот за матични клетки на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) има развиено „третман за Ковид-19“. Првичните резултати се ветувачки.


Според Амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Подгорица, патентот го одобрил Министерството за економија за развој на иновативен и ветувачки третман за „Ковид-19“ со употреба на матични клетки.

„Третманот беше развиен од тим на лекари и истражувачи од центарот на матични клетки во Абу Даби (ADSCC) и вклучува екстракција на матични клетки од сопствената крв на пациентот и повторно внесување по нивното активирање. Патентот е одобрен како иновативен метод за собирање матични клетки“, се наведува во соопштението.

Третманот, како што рекоа тие, бил користен како терапија во Емирати на 73 позитивни пациенти на „Ковид-19“, кои биле излечени од вирусот, „со инхалација на овој метод во нивните бели дробови, откако ќе се претвори во пареа“.

„Хипотезата е дека терапевтскиот ефект постои заради регенерација на клетките на белите дробови и модулацијата на имунолошкиот одговор за да се избегне прекумерно реагирање на инфекцијата од „Ковид-19 “и со тоа дополнително оштетување на здравите клетки“, се вели во соопштението.

Третманот, додаваат тие, успешно ја поминале почетната фаза на клиничките испитувања и ја демонстрирале нејзината безбедност.

„Ниту еден од пациентите кои биле подложени на третман не пријавиле непосредни неповолни ефекти и не се пронајдени никакви интеракции со конвенционалните протоколи за пациенти со Ковид-19. Обидите за демонстрација на ефикасност на третманот се уште се во тек и се очекува да бидат завршени за неколку недели“, се вели во соопштението.

Третманот се користеше заедно со конвенционалната медицинска интервенција и, како што се додава во соопштението, ќе продолжи да се користи покрај предвидените протоколи за третман, наместо како замена за нив.

„Овој третман е дополнување на арсеналот на интервенциите и е индикација за усогласените напори и посветеност на владата на Обединетите Арапски Емирати да стави крај на пандемијата „Ковид-19“. Нефармаколошките интервенции со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 како што се останување дома, социјална дистанца, спречување на инфекција и контролните мерки остануваат неопходни за да се намали товарот врз здравствениот систем“, велат од Амбасадата на ОАЕ.

Центарот за матични клетки во Абу Даби е, специјализиран медицински центар кој се фокусира на клеточна терапија, регенеративна медицина и истражување на матични клетки.

Слични содржини