Мицкоски: Не сакам да бидам мандатар во време кога се бројат жртви

од Берта Китинска
106 прегледи

„Избори ќе има кога ќе бидат обезбедени услови за фер и демократски избори, не сака да биде мандатар во време кога се бројат жртви од коронавирусот“,  се огласи  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“  дека треба да се зграпчи првата можност за одржување на парламентарни избори зашто, како што вели, не се знае кога ќе има втора шанса и ја обвини опозицијата дека сака да избега од изборно соочување.

За тоа како понатаму без избори, вели очекува да се договорат на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Во врска со поднесената иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието донесена на 16 февруари, лидерот на најголемата македонска опозициска партија, вели дека и во минатото имаше таква иницијатива, но тогаш Уставниот суд ја отфрли како неоснована. За конечен став од партијата побара да се почека одлуката на Уставен.

 

Слични содржини