Ако сакате да пиете пиво, морате на келнерот да му го кажете ова: Една европска земја воведе нови правила во кафулињата

од Aleksandar Petrovski
203 прегледи

Како дел од неопходните мерки за заштита за да се спречи ширењето на вирусната корона, швајцарските власти се одлучија за наједноставен начин.

Угостителите ќе треба да земат лични информации, име, адреса, мобилен број од своите гости и ќе треба да ги чуваат две недели.

Така, гостинот кој оди во кафуле или ресторан и нарачува пиво, кафе или бифтек, ќе треба прво да остави и лични информации.

Ова важи и за резервации на маси, но и за спонтани посети на ресторани.

Личните информации собрани од угостителите треба да им олеснат на здравствените власти да откриваат контакти во случај на инфекција на еден од гостите.

Во Швајцарија, најмногу четири лица ќе можат да седнат на една маса.

Сите гости мора да седат и меѓу масите да има растојание од најмалку два метра.