Уставен суд: Одлуката на Пендаровски за вонредна состојба е беспредметна затоа што таа веќе не е во сила

од Берта Китинска
259 прегледи

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба во државата која беше донесена на 18 март.

Уставните судии денеска оценија дека иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на одлуката е беспредметна затоа што таа веќе не е во сила, а вонредната состојба на која се однсуваше е завршена.

Претседателот Пендаровски на 16 април донесе нова одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена.

И за оваа одлука е поднесена иницијатива за оценка на уставноста и законитоста пред Уставниот суд.

Слични содржини