Голема бела ајкула обезглави нуркач пред шокираните рибари во близина на брегот на Мексико во првиот фатален напад на ајкула оваа година.
Мануел Лопез, кој имал 50 години, на 5 јануари нуркал во залив на западниот брег на Мексико кога го нападнала ајкула висока 5,7 метри.
Ајкулата му ја скинала главата на Лопез во тој ужасен напад.
„Нуркаше кога животното го нападна, му ја откина главата и му ги изгриза двете рамења“, рекол рибар кој бил сведок на нападот.
Лопез нуркал без воздушни боци кога предаторот го нападнал.
Очевидец изјавил дека неколку дена пред нападот во областа биле видени неколку ајкули и дека рибарската екипа била подготвена за можни напади.
„Локалните нуркачи беа предупредени за присуство на ајкули во тој регион и повеќето од нив не влегоа во морето неколку дена“, вели рибарот.