Правилата за изолација во време на пандемија важат подеднакво за сите. Многу бизниси трпат загуби поради ситуацијата, особено поединците кои работат сами.
Една козметичарка од Хрватска сподели на социјалните мрежи пораки од клиенти кои се обидуваат да закажат термин за корекција на нокти, за свилени трепки и масажи. Пораките веднаш станаа вирални и се споделуваат на социјалните мрежи, а од нив се гледа дека некои луѓе имаат и други приоритети, наместо да ги почитуваат мерките за седење дома и одржување социјална дистанца.