А1 ги исклучи каналите Спорт Клуб

346 прегледи

Од 1 март програмата на телевизијата Спорт Клуб повеќе не може да ја гледаат корисниците на телеком операторот A1 во Македонија бидејќи оваа компанија одлучи да не го продолжи договорот за дистрибуција на каналите со компанијата Јунатејтед Медиа (United Media).

Сите заинтересирани граѓани ќе можат најдобрата спортска содржина да продолжат да ја следат преку Македонски Телеком, Телекабел, Тотал ТВ, но и преку сите други кабловски
оператори во земјата.

Со операторот А1 соработувавме долги години и жал ни е што не продолжи долгогодишната соработка и покрај нашата добра волја да дојде до тоа. На А1 му беа понудени исти услови за дистрибуција како и на другите учесници на пазарот, но
понудата беше одбиена. Со овој потег неговите корисници се ставени во положба да бидат единствени во Македонија што не можат да ги гледаат најпрестижните спортски настани на Спорт Клуб, како и на другите канали на компанијата Јунајтед Медиа (United Media).

Слични содржини