Македонски канали ќе се гледаат во Бугарија, државните новински агенции ќе имаат свои дописници

од Nikola Popovski

Откако вчера беше договорено од 1-ви март, Бугарската национална телевизија да се гледа и во Македонија, денес се дознава дека се чека и завршување и на процедурата околу документацијата за три привати бугарски телевизии да можат да се реемитуваат во Македонија, а до крајов на февруари истото ќе се направи и со 3 – 4 приватни македонски телевизии за реемитување во Бугарија.

Ова го договорил специјалниот пратеник во преговорите со Бугарија Владо Бучковски, на вчерашната средба во Скопје на која присутни биле и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, како и првиот човек на Телеком, Никола Љушев.

Исто така било договорено и државните агенции да имаат свои дописници. Од денеска македонската државна новинаска агенција има и свој дописник од Софија, новинарот Николај Крастев, а на името на дописникот на Бугарската телеграфска агенција од Македонија се уште се чека.

Дополнително месецов се очекува ректорот на Софискиот универзитет, придружуван од неколку декани, во Скопје да го посети најголемиот државен универзитет во земјава – Св. Кирил и Методиј, но и други универзитети, за да се договара размена на професори, но и на студенти уште од следната учебна година.

Слични содржини