АА: Амнестирањето на министри и директори од корупција е низок обид да се дефокусира јавното мислење

од Nikola Popovski
241 прегледи

Алијанса за Албанците побара од премиерот Зоран Заев итно како што велат да се повлече од вчерашните обвинувања кон јавната администрација и да им се извини на сите администратори.

„Амнестирање на министри и директори од корупција и обвинувањето на администраторите за неодамнешните проценки на Стејт Департмент е само низок обид да се дефокусира јавното мислење и силен удар врз оние кои веќе работат под постојан притисок и во мизерни услови“, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Во време кога имаме јавни докази за корумпирани министри и директори, разрешени и осудени функционери, поранешниот директор на Здравствено осигурување, „пациентот“ кој дури е унапреден во поранешен генерален секретар на Владата, ваквите изјави на премиерот Зоран Заев јасно покажаа дека во Владата не постојат само криминал и корупција, туку и организиран криминал. Итно да запрат нападите врз јавната и државната администрација, тие и онака имаат голем притисок и условувања за време на изборните процеси, ниски плати и тешки услови за работа“, додаваaт во писменото соопштение од Алијанса за Албанците.

Слични содржини