АА и Алтернатива: СДСМ и ДУИ јавно да се изјаснат за предлог законот за државјанство

од Берта Китинска
319 прегледи

Нема потреба од нов предлог-закон за државјанство, сметаме  дека е апсолутно непотребно да се предложи кога се знае дека сите политички партии СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, преку нивните пратеници во Собранието со амандмани можат да придонесат за еден квалитетен закон и конечно решение за еден многу важен проблем со кој се соочуваат голем број на наши граѓани, велат од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

На прес-конференција денеска тие побараа од СДСМ како политичка партија јавно да каже дали го поддржува законот, а од заменик-министерот во МВР, Назим Буши од ДУИ, бараат да си поднесе оставка од морални причини поради деградирање на албанскиот гласач.

-Бараме од ДУИ да се изјасни дали има промени во нивниот став во однос на предлог -законот за кој првично се изјаснија дека го поддржуваат, и исто така бараме од ДУИ објаснување, дали министерот Спасовски зборува и во име на ДУИ, бидејќи вчера добивме таков впечаток од начинот како се однесува спрема неговиот заменик, Назим Буши, велат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Слични содржини