171
Отсуството на вештакот Зеќирја Зеќири на судењето за трагедијата во Ласкарци, трет пат по ред, изгледа е намерно и е на штета на правдата во овој случај. Овие сомнежи стануваат уште посериозни кога обвинителот на случајот и другите сведоци велат дека Зеќири оди на работа и се шета низ градот, соопштуваат од Алијанса за Албанците.
„Овие постапки на експертот и одложувањата на седницата и се познати на јавноста и сега веќе е познат и епилогот. На овој начин, седниците се одолговлекуваат и предметот застарува. Ги повикуваме одговорните органи итно да постапат, да не дозволат вакви злоупотреби и да преземат санкционирачки и казнени мерки против експертот Зеќири“, наведоа оттаму.