Ваквиот предлог го сметаме за несериозен со тенденција Албанците да се стават во однос на дневната политика. Албанците живеат во територијален континуитет, а не во енклави, во општини каде Албанците се апсолутно мнозинство, во општини со релативно мнозинство и во општини со помал процент. Политичките и територијалните организации кои не им служат нив не се вредни за дискусија, реагираат од АА во врска со предлогот на Алтернатива да се формира „Заедница на албански општини“ во С. Македонија.
„Србите во Косово, како и Албанците во Србија, се малцинство и овие стандарди мора да имаат реципроцитет и ние апсолутно го поддржуваме тоа. Дури сметаме дека такви права треба да имаат Унгарците и Босанците во Србија.
Албанците во Македонија се 1/3 од вкупното население, а не малцинство. Решенијата за заштита на малцинствата кои се размислуваат за други реалности не можат да се применат во контекст на нашето мултиетничко општество и консоцијативна демократија“, наведуваат оттаму.