АА: Зибери е Правобранител на Владата и ДУИ

од Nikola Popovski

Опозициската Алијанса за Албанците денеска пред канцеларијата на Народниот правобранител изрази револт поради изборот на Насер Зибери за Народен правобранител.

„Канцеларијата на Народниот правобранител ја преименуваме во канцеларија на Правобранител на Владата / ДУИ“, соопштија денес од партијата.

Според нив, ова е спротивно Законот за Народен правобранител, кој во член 3 вели: Народниот правобранител е независен и самостоен во извршување на својата функција.

„Додека во членот 2 се вели дека Народниот правобранител е тело кое ги штити уставните и законските права на граѓаните и сите други лица, кога тие се повредени од органите на државната управа и од другите тела и организации кои имаат јавни овластувања”, беше речено, повикувајќи ги сите институции на Европската Унија и амбасадите на пријателските земји, јавно да го осудат овој чин на „заплена на државните институции, што не само што е во спротивност со Законот за народен правобранител, туку и со принципите на Венеција за Народен правобранител“.

Поранешниот кандидат за прв премиер Албанец и нотар Насер Зибери, денеска стапи на функцијата Народен правобранител.

Тој даде вечена изјава во Собранието и порача дека функцијата омбудсман нема да биде само декор во општествениот систем.

Слични содржини