Абас бара Америка да интервенира и да ја запре израелската агресија

од Vladimir Zorba

Претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, денеска ги повика Соединетите држави да интервенираат и да ја запрат ескалацијата на конфликтот на Западниот брег и Појасот Газа, соопштија од неговиот кабинет.

„Претседателот ја повикува американската администрација итно да интервенира за да се запре израелската агресија за работите да не излезат од контрола“, се вели во соопштението на „Тајмс оф Израел“.

Абас ги нарече израелските напади, во кои досега беа убиени повеќе од 100 Палестинци, „брутални и планирани убиства извршени од израелски окупаторски сили“.

Слични содржини