Здравјето на палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој на 26 март ќе наполни 83 години, се влоши во поледните неколку месеви, Сите се прашуваат кој ќе го наследи.

Во неговата претседателска палата во Рамала на Западниот брег се досели кардиолог за да го надгледува долгогодишниот лидер, наведуваат неименувани извори. Кон крајот на февруари Абас беше во болница во балтимор, за време на посетата на САД каде се обрати на седницата на Советот за безбедност во Он во Њујорк, каде се воочи дека е слаб, затоа што повремено тешко доаѓаше до здив, наведува АП.
Но, палестинскиот лидер, кој е страстен пушач и има долгогодишни срцеви проблеми, тврди дека му е добро.
Израелските медиуми неодамна објавија дека Израел е загрижен дека борбата за власт на палестинска територија наскоро може да почне и да ја загрози безбедноста на регионот. Палестински официјални лица исто така не кријат дека се загрижени, затоа што Абас не одредил наследник. а потенцијални кандидати тивко се подготвуваат за функцијата.
Абас го наследи Јасер Арафат по неговата смрт во 2004 година и следната годиа беше избран за претседател. Од тогаш тој е на функција затоа што нови избори не ни имало поради политичките поделби со Хамас.
Абас пред дваесет години е опериран од рак на простата, а во летото минатата година беше напреглед во болница во Рамала, што ги поттикна гласините за мозочен удар, а пред две години имаше и болки во градите.
Палестинскиот лидет по посетата на САД се врати во Палестина, иако беше планирано да отпатува за Венецуела. По враќањето рече дека медицинските тестови дале позитивни резултати, но не кажа детали.
Покрај кардиологот, секој ден во палатата го посетува уште еден лекар, велат анонимни извори. Неговите соработници велат дека се жали на стомачни болки, но тврди дека се резултат на стрес и лутина, а дека гласините оти има рак на дебелото црево не се точни.
Неговот здравје е нарушено во посебно тешки услови, бидејќи и по 14 години на власт целта за независност не е остварена.
Неколку рунди мировни преговри со Израел не влодија со плод, а односите со САД се лоши откако претседателот Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел Палестинците во источниот дел на Ерусалим планираат седиште на независна Палестина, а Трамп го обвинуваат дека држи страна на Израел.
Плаестинската управа има и финансиски проблеми и владее само на една страна на палестинската територија, Западниот брег, додека појасот Газа во 2007 година, по крвавата борба за превласт, е под контрола на екстремистички Хамас.
Сите обиди за помирување на абасовиот умерен секуларен Фатах со Хамас до сега пропаднаа, а минатата недела бомба експлодира крај конвојот возила во кој беше премиерот Рами Хамалах кој од Западниот брег дојде во посета на Газа.
Абас го обвини Хамас за инцидентот, и се закани со остри мерки кои финансиски би ги исцрпиле.
Испитувањето на јавното мислење покажува дека 68 отсто од Палестинците сакаат Абас да поднесе оставка, а само 33 се задоволни од него. Многу високи функционери на Фатах очекуваат дека ќе го наследат.
Меѓу нив е и Џибрил Раџуб, поранешен шеф на безбедност и Махмуд Фараџ кој смета дека ќе го наследи Абас, а тој има добри односи и со Израел и со САД надвор од очите на јавноста.
Најпопуларен од сите е поранешниот лидер на палестинското востание Марван Бетгути кој служи неколку доживотни казни во израелски затвор, и тешко дека ќе може да се кандидира.
Поддршка има и ривалот на Абас, Мухамед Дахлан кој сега живее во Обединетите Арапски Емирати, а има државјнаство и на Србија и На Црна Гора.
Кој и да биде новиот плаестински водач нема да наследи многу, велат аналитичари. Напоменуваат дека таа работа нема да биде лесна затоа што Абас е личност што обединува, а во меѓувреме „палестинската администрација умира, затоа што нема избори , ни промени, а разликите меѓу луѓето стануваат подлабоки.“