Палестинците ќе бараат полноправно членство во Обединетите нации и вклучување во 22 меѓународни организации, како одговор на американското признавање на Ерусалим за престолнина на Израел, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас во говорот на почетокот на состанокот со високи палестински челници во Рамала во понеделник навечер.

Абас зборуваше на вонредна седница на Организацијата за исламска соработка во Истанбул минатата седмица, тврдејќи дека Израел не е вреден за меѓународно признание.
„Нема граница во Израел и меѓународното право е против нивното признавање. Тие, меѓутоа, го измамија Генералното собрание тврдејќи дека ќе ја спроведат резолуцијата на ОН 181 и 194 до денеска, а тоа не го спроведоа“, изјави Абас.
„НИе повторно ќе се обратиме до Обединетите нации за да побараме полноправно членство, Ние сме држава и власт, имаме граници и имаме право светот да не признае“, вели Абас.
Тој појасни дека без разлика што САД се одбрани да бидат посредници во мировниот процес, тие го отфрлаат посредникот, затоа што САД се покрај Израел и го поддржуваат и му помагаат.