Абазовиќ: Верувавме дека можеме да бидеме „гејмченџери“ и станавме тоа

од Nikola Popovski
150 прегледи

Нема да застанеме на страната на Ѓукановиќ или на просрпската опција, изјавил за Дојче веле претседателот на УРА и лидер на коалицијата „Црно на бело“, Дритан Абазовиќ, додавајќи дека во Црна Гора се случило тектонско поместување, нешто што било неверојатно за многу години и за многу генерации.

„Верувавме дека можеме да бидеме „гејмченџери и станавме тоа. Го соборивме режимот на Мило Шукановиќ, кој беше недопирлив 30 години. Балканскиот Лукашенко падна и тоа е многу важен факт. Ова не значи дека земјата не се соочува со големи предизвици, но што се однесува до нашата коалиција и она што го кажавме во предизборната кампања, Црна Гора може да биде многу мирна, бидејќи нашата политика е проевропска, граѓанска и има за цел целосно да ги инкорпорира европските вредности во општеството“, рекол Абазовиќ.

Тој смета дека тезите изнесени во врска со проруската и просрпската опозиција се погрешни.

„Треба да формираме граѓанска влада. Ниту едно просрпско мнозинство не победи овде. Огромното мнозинство граѓани на Црна Гора, без оглед на мандатите, гласаше за промена“, рекол Абазовиќ.

Тој повторил дека нема да застане на страната на Ѓукановиќ, „затоа што целиот свој политички живот го посветил на борбата против неговиот режим“ и дека ниту тој нема да се соедини со просрпската опција.

„Ќе бараме партнерства врз основа на кои ги назначивме пред изборите. Побаравме да се формира експертска влада и колегите од опозицијата го прифатија тоа. Не треба да има политичари во експертска влада и нема да има политичари“, изјавил Абазовиќ.

Затоа, нема промена во курсот на надворешната политика на Црна Гора, ниту во преземените меѓународни обврски. Ние мора да работиме заедно за да ја промовираме европската агенда и принципите што им ги ветивме на граѓаните во предизборните активности.

Тој напоменла дека моделот на експерти треба да биде преоден и да овозможи организирање на слободни избори за две или четири години, и да дојде влада со идеолошки слични партии.

„На сите во регионот, и тоа е мојата порака, им требаат нови политички елити. Потребни ни се луѓе кои не се затвореници во 90-тите години на минатиот век. Потребни ни се луѓе кои можат да донесат свежина и енергија, кои не се оптоварени со минатото и кои можат да изградат помирување на некои здрави основи. Што се однесува до коалицијата што ја претставувам, таа ќе биде таква и нема да има причина за грижа ни во БиХ, Србија, Косово, Албанија или Хрватска“, рекол Абазовиќ.