Абазовиќ: Животот ми е загрозен од луѓе кои имаат повеќе пари од државната каса на Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska
382 прегледи

Лидерот на Граѓанското движење УРА и поранешен премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, изјави дека е свесен „дека неговиот живот е во опасност“, бидејќи додека бил дел од извршната власт се пресметувал со организиран криминал и дека во државниот затвор во Спуж „неговото име е најчесто таргетирано како најголем проблем на криминалците“.

Абазовиќ за денешното издание на весникот „Нова“ изјавил дека за него на таков начин зборуваат луѓе „кои имаат повеќе пари отколку што има моментално во државната каса на Црна Гора“, и дека е убеден дека ќе „сакаат некаков вид на реваншизам “, но дека тоа „не предизвикува некој посебен страв“ кај него.

Тој истакнал дека со оглед на тоа што повеќе не е на премиерската позиција „има одредени мерки на заштита“.

„Мислам дека инфилтрацијата на организираниот криминал во новите политички структури постои и дека овие луѓе сигурно нема да се предадат. Имаат многу повеќе пари отколку што ние во моментов имаме во државната каса на Црна Гора. Тие луѓе дефинитивно ќе сакаат некаков вид на реваншизам и враќање на своите позиции. Многу ќе зависи од новите власти и нивната решеност да ги спречат“, рече Абазовиќ.

Слични содржини