Според извори на ABC News, ФБИ предупредил дека се планирани вооружени протести во Вашингтон и во другите 50 престолнини на американските сојузни држави доколку Доналд Трамп биде отстранет од претседателската позиција пред истекот на мандатот на 20 јануари.
Според тие извори, неидентификувана вооружена група објавила дека планира да патува за Вашингтон на 16 јануари и се заколнала на побуна доколку Трамп биде сменет.
Како што објави истражувачкиот новинар на ABC News, Арон Катерски на Твитер, во документот на ФБИ на кој наишол се наведува дека ФБИ наводно „добил информации за идентификувана вооружена група која планира да замине во Вашингтон на 16 јануари“.
„Предупредија дека ако Конгресот се обиде да го отповика претседателот на Соединетите држави со помош на 25-тиот амандман на Уставот, ќе има огромна побуна“, наводно се наведува во документот на ФБИ.
The FBI has "received information about an identified armed group intending to travel to Washington, DC on 16 January. They have warned that if Congress attempts to remove POTUS via the 25th Amendment a huge uprising will occur," according to a bulletin obtained by @ABC
— Aaron Katersky (@AaronKatersky) January 11, 2021
Вооружената група повикува на „упад во државните, локалните и федералните владини канцеларии и административните згради во случај Трамп да биде отповикан пред инаугурацијата“, се наведува во документот.
Сепак, претставниците на ФБИ досега не биле достапни за коментар.