Малезискиот крал Мухамед Петти абдицираше по само две години на престолот.

Од кралската палата соопштено е дека абдикцијата на 49-годишниот крал стапува на сила веднаш, и така предвремено го завршува петгодишниот мандат. Не се наведени причините за таквата одлука.
Ова е прва абдикција на крал во историјата на Малезија.
Султанот Мухамед Петти, владетел на североисточната држава Келантан, постевен е за крал во декември 2016 година, и беше еден од најмладите малезиски уставни монарси.
Според медиумите, тој во ноември се ожени со 25-година Русинка, некогашна манекенка. Руските и британските медиуми, како и социјалните мрежи објавуваа фотографии од нивната венчавка, која како што изгледа се одржала во Москва.
Според единствениот систем кој постои откако Малезија во 1967 година доби независност од Велика Британија, девет наследни владетели на малезиските сојузни држави се менуваат на кралскиот трон на секои пет години.