Абрамович тајно поседувал права на играчи од други клубови

од Vladimir Zorba

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович наскоро би можел да се најде на суд, но сега поради фудбалот.

Би-Би-Си, повикувајќи се на документите на „FinCEN“ (единица за финансиски криминал на американското Министерство за финансии), објави дека рускиот олигарх тајно поседувал права на играчи, кои не припаѓаат на неговиот клуб.

Објавените документи содржат докази за вината на Абрамовиќ, кој стоеше зад оф-шор компанијата „Леистон холдингс“, основана на Девствените острови, која учествувала во купување играчи. Друга слична компанија е регистрирана на Кипар.

Ова може да доведе до судир на интереси, бидејќи компанијата поврзана со Абрамович делумно ги поседувал правата на играчи од други клубови, кои играле против Челси.

Би-Би-Си наведува како пример дека „Леистон холдингс“ делумно ги поседувала правата на фудбалерот на Спортинг Лисабон, Андреа Кариљо, кој играше двапати против Челси во Лигата на шампионите во 2014 година.

Слични содржини