Абрамовиќ понудил 100.000.000 € за ѕвездата на Италија

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

По завршувањето на Европското првенство, веќе одекна „бомбата“ дека Челси подготвува 175.000.000 евра за доаѓањето на Ерлинг Халанд, но се чини дека тоа не им се единствените планови.

Европскиот шампион понуди дури 100.000.000 евра за sвездата на Италија и Јувентус!

Секако, тука не станува збор за Кристијано Роналдо, туку за Федерико Киеза, крилен напаѓач кој ги маѓепса љубителите на фудбалот на неодамна завршеното Европско првенство.

Како што пишува доброинформираниот новинар на германски „Билд“, Кристијан Фалк, натписите дека Челси понудил 100.000.000 евра за Киеза се – точни!

Тој објави дека Челси контактирал со Јуве и дека ја испратиле првата понуда, но дека торинскиот клуб одбил да разговара со Премиерлигашот.

Киеза беше еден од најдобрите италијански играчи на ЕУРО, кое го освои во неделата, а Роман Абрамович изгледа подготвен да му даде огромни суми со цел да му обезбеди на тренерот Томас Тухел уште посилен тим.

Киеза има 23 години, на седум натпревари постигна два гола на ЕП, а минатата сезона постигна 14 гола и 10 асистенции на 43 натпревари за „Старата дама“.

Слични содржини