Ацевски: Зошто Мицкоски и Ѓорѓиевски сега не го исчистат Скопје туку чекаат по избори?

„Кандидатот за градоначалник на Град Скопје е претседател на ЗЕЛС. Управниот одбор и претседател на УО во ЈП Комунална хигиена се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Владата е предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, порача Ацевски

од Nikola Popovski
40 прегледи

Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски да не чекаат избори и да го исчистат градот сега, после избори, ситуацијата со хигиената е алармантна, порача кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во гостување во Вистинска телевизија.

Ацевски прашува ги прашува премиерот и кандидатот за градоначалник на Скопје, „зошто сега не го исчистат за 72 часа?“.

-Кандидатот за градоначалник на Град Скопје е претседател на ЗЕЛС. Управниот одбор и претседател на УО во ЈП Комунална хигиена се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Владата е предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Што ги спречува сега ЗЕЛС и Општините во Градот Скопје да прогласат една, условно кажано, вонредна состојба, а состојбата не условно, де факто е вонредна со хигиената во Град Скопје, да назначат повереници во ЈП Комунална хигиена, ако тој кадар од ДУИ или од Данела Арсовска не функционира, да му ги одземат ингеренциите, преку претседателот на ЗЕЛС градоначалниците во Град Скопје да спроведат акција. Се соочуваме со потенцијален екоцид, зошто не го исчистат градот сега?, вели Ацевски.