АД ЕСМ вчера произведе 11.861 MWh електрична енергија

од Vladimir Zorba

Во Термоелектраните произведени се 8.737 MWh. Во функција се два блока на РЕК Битола и едниот блок на РЕК Осломеј.

Во ТЕЦ Неготино во тек се сервисни и ремонтни активности со цел зајакнување на постројката за следниот период кога се очекува поголема потрошувачка на струја.

Во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци на 21.10.2022 година произведени се 3.124 MWh.

АД ЕСМ на 21.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, соопштија од Владата.

Слични содржини