Адам Сендлер собори рекорд со новиот филм, главната улога ја толкува неговата ќерка

од Stefanija Kuzmanovska
527 прегледи

Откако стекна репутација на омразен актер меѓу критичарите, Адам Сендлер со новиот филм докажа дека „не е за фрлање“.

Филмот „You Are Not Invited to My Bat Mitzvah“ на Нетфликс, кој е адаптација на истоимениот роман на Фиона Розенблум од 2005 година за полнолетство, го собори рекордот во кариерата на Сендлер со речиси совршена оценка на Tomatometer.

Филмот ги следи Стејси Фридман и нејзината најдобра пријателка Лидија Кац додека поминуваат низ подемите и падовите на тинејџерските години. Ќерката на Сендлер, Сани ја толкуваше главната актерка Стејси, додека во филмот се појавуваат и неговата постара ќерка Сејди и сопругата Џеки.

Филмот доби 96 отсто од критичарите на Rotten Tomatoes, што го прави најдобро рецензираниот филм на Адам Сендлер.

Слични содржини