Адел: Можно е ова да е моја последна концертна турнеја

од desk2
77 прегледи

Британската пејачка Адел најави дека сегашната концертна турнеја по повод албумот „25“, што завршува в недела, би можела да биде и нејзина последна.

За време на нејзиниот концерт на стадионот „Вембли“ во Лондон се појави и нејзина рачно испишана порака: „Не знам дали повторно ќе одам на турнеја и сакам последната да се заврши дома“.

Поп ѕвездата со концертите во Велика Британија ја завршува својата 15-месечна турнеја, за време на која настапи во Европа, САД, Австралија и Нов Зеланд.

– Турнејата е необична работа, мене лично не ми одговара, рече 29-годишната пејачка.

Адел ќе има уштре три настапи во Лондон, пред да ја заврши сегашната турнеја со вкупно 123 концерти.